Безбедносни правила на бензинските станици на Shell
Вашата безбедност е нашиот приоритет број еден!
Стандардите за здравје и безбедност на бензинските станици од брендот Shell се особено високи. Секогаш треба да се заштитите од потенцијални опасности. Прочитајте ги основните правила и безбедносни процедури за да имате секогаш безбедна и безгрижна посета на бензинските станици од брендот Shell.
Мобилни телефони
Мобилните телефони може да бидат многу опасни кога се користат на бензинска станица. Тие мора да бидат најмалку 5 метри оддалечени од пумпите за гориво и резервоарите.
Паѓањето на мобилниот телефон или негово вклучување или исклучување може да предизвика искри, кои, пак, се потенцијален извор на палење на испарувањата на горивото при полнење.
Не дозволувајте мобилниот телефонот да ви го одземе вниманието од полнење на возилото кога сте на бензинската станица. Може да паднете или да ве удри возило што поминува. Не дозволувајте мобилниот телефон да ви го одвлече вниманието кога возите.
Автомобилски мотори
За ваша безбедност, не оставајте го моторот да работи пред или за време на точењето гориво.
Мотоцикли
Секогаш симнете се од мотоциклот пред да точите гориво за да избегнете вдишување на бензинските пареи или да дојдете во контакт со горивото во случај на истурање. Горивото што ќе се истури врз врелиот мотор веднаш испарува, а ако се истури на врелиот издувен ауспух, може да предизвика пожар и да ве повреди вас и другите во близина. Симнете ја кацигата пред да влезете во продавницата, така што вработените на бензинската станица ќе се чувствуваат поудобно кога ве послужуваат.
Каравани и камиони за храна
За ваша безбедност, исклучете ги плотните и другите електрични апарати во караваните, камионите за храна и разладните возила кога влегувате на бензинската станица. По напуштањето на бензинската станица, добро проветрете го возилото, така што сите преостанати испарувања можат да изветреат пред повторно да ги вклучите електричните уреди.
Безбедно возење на бензинска станица
Внимавајте на основните правила за безбедност при возење во предворјето на бензинската станица. Ова е зафатена област со значителен сообраќај од возила што минуваат. Намалете ја брзината кога влегувате на бензинската станица. Правилно користете ги влезовите и излезете за да избегнете нервоза и да не се изложувате на ризик. Полека оддалечете се од бенизинската станица и внимавајте на возилата и пешаците што поминуваат.
Деца
Раздвижените возила може да го направи влезот на бензинска станица опасно место. Чувајте ги децата под постојан надзор. Пред да излезете од возилото, исклучете го моторот, извадете ги клучевите и прицврстете го возилото со рачната сопирачка и брзините.
Пушење
За ваша безбедност, возачот и патниците мора да ги изгаснат цигарите пред да влезат на бензинската станица. Пушењето е забрането на бензинската станица, во близина на пумпите.
Список за безбедност
Пред да влезете на бензинска станица:
- Изгаснете ги цигарите
- Исклучете ги предните фарови (и изгаснете ги сите отворени пламени)
- Намалете ја брзината при влегување и излегување одбензинска станица
Додека сте на бензинска станица:
- Исклучете го моторот
- Не користете го мобилниот телефон
- Внимателно отворете го капачето за гориво
- Симнете се од моторот кога полните гориво
- Користете само одобрени канти кога за полнење гориво
- Не полнете ги кантите во багажникот на возилото, во приколката или во патничкиот простор