Бензински станици на Shell
Наша цел е да ви обезбедиме висококвалитетни горива и најдобра можна услуга на бензинските станици од брендот Shell. Висококвалитетните горива на Shell се дизајнирани да ги подобрат перформансите и да го заштитат моторот на вашиот автомобил. Нашите високообучени вработени се гаранција дека при секоја посета ќе бидете задоволни поради тоа што ние сме љубезни, даваме совети и знаење и пред се нудиме производи со: висок квалитет. Мрежа на бензински станици на Shell Моја локација Дел од градот Пребарување
Висококвалитетните горива на Shell се дизајнирани да ги подобрат перформансите на моторот на вашиот автомобил и да го заштитат. Нашите високообучени трговци на мало се гаранција дека при секоја ќе бидете задоволни од сите вистински причини:
Ние ви нудиме љубезност, знаење, совети и, пред сè, производи со висок квалитет.
Мапа за печатење
Услуги на бензинските станици
Бидете сигурни дека бензинските станици од брендот Shell ќе ги задоволат вашите секојдневни потреби на патот.
Нашата мрежа ви нуди широк спектар на висококвалитетни горива, пријателска услуга, лесно купување во нашите продавници и многу други придобивки.
Дали сте уморни од задржување и губење скапоцено време?
Можеби сте жедни или сакате на брзина да каснете нешто?
Дали ви треба нешто ситно за вашиот автомобил?
Нема проблем!
Само посетете ја продавницата Select на малопродажните станици на Shell!
Продавниците Shell Select може да ви помогнат да го најдете тоа што ви треба од нивниот голем број категории на производи:
Производи и додатоци за пушење
Пијалаци, кафе, сендвичи, гума за џвакање, слатки
Ладни производи (вода, безалкохолни пијалаци, сокови, енергетски пијалаци, пива)
Грицки, бисквити, кроасани, чоколади
Додатоци за автомобили, освежувачи на воздухот за автомобили, простирки и навлаки на седишта, бришачи за ветробранско стакло, држачи за чаши
Огревно дрво
Мапи, туристички водичи
Материјал за пишување и козметика
Исто така, при секоја посета, прашајте за нашите промотивни понуди во самата продавницата, достапни исклучиво за клиенти на малопродажните станици на Shell
Кликнете тука за да пронајдете малопродажни станици со продавници Select
Продавници Select