Services

Профил на компанијата и области на активност

Корал Горива ДООЕЛ Скопје е носител на лиценцата на Shell во Северна Македонија. Компанијата е подружница на Coral А.Е. (поранешна Shell Hellas A.E.) којашто работи во Грција од 1926.

Визија на Корал Северна Македонија

Визија на Корал Северна Македонија

Визијата на Корал Северна Македонија е да биде број еден компанија во земјата за продажба на нафтени производи и прв избор на клиентот, со човечко лице и почитување на животната средина. Стратегија на компанијата е постојано да ги подобрува своите услуги за да ги задоволи постојано променливите потреби на пазарот и нејзините клиенти и да се разликува од своите конкуренти на сите нивоа. Секојдневното работење на компанијата, како и на нејзините партнери, се регулира со Општите деловни принципи на компанијата, коишто се насочени главно на примената на принципите на одржлив раст, развивање на рамка за здравје, безбедност и животна средина, усогласеност со сегашното законодавство и развој и имплементација на постојана програма за општествена одговорност во компанијата, која ќе одговори со осет за современите проблеми на нашето општество.

 

Корал, докажан пионер и водач во секторот на нафтени производи


стои крај современите потрошувачи


за да ја исполни секоја нивна потреба!

Визија на Корал Северна Македонија

Главни активности

Холдинг компанијата, Coral S.A., е подружница на на Shell Hellas, компанија која работи во Грција од 1926 година. Со околу 750 бензински станици што работат под брендот Shell, компанијата поседува 22%  удел на пазарот на горива и со тоа е лидер во  Грција. Корал е носител на лиценцата на Shell и за Кипар и Србија и управува со растечката мрежа во овие земји.

Главни активности

Корал Северна Македонија има лиценца за користење на брендот Shell во Северна Македонија. Раководи со две бензиски станици под брендот Shell во земјата, кои нудат производи и услуги на високо ниво. Бензинските станици нудат висококвалитетни горива Shell и широк спектар на други производи.

}