Services

Можности за работа

Без оглед на вашето работно искуство, какви и да се вашите соништа за идна кариера, сигурни сме дека ќе ја најдете идеалната можност во Корал Северна Македонија!

Работете со нас

Пристапот на Корал Северна Македонија е силно ориентиран кон клиентите, почитувајќи ги почитува луѓето и околината. Компанијата има визија да ја зајакне својата позиција на пазарот во Северна Македонија, со истовремено поставување нови цели за нејзиниот понатамошен развој.

Ако имате степен или диплома за високо образование, искористете ја оваа шанса да ја започнете кариерата.

Доколку сте заинтересирани да работите со нас, испратете ни CV.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Области на активност

Продажба и маркетинг

Секоја деловна активност на Корал Северна Македонија претставува можности и предизвици во комерцијалниот сектор. Ова значи дека ќе бидете вклучени во маркетинг или продажба на еден или повеќе производи од нашата голема палета, не заборавајќи ги и сите услуги што ги нудиме.

Финансиски услуги

Работата во финансискиот сектор доаѓа во различни форми, од поголеми аквизиции и решенија за инвестиции, до секојдневни практики и управување. Може да работите во различни области, вклучувајќи: финансиска контрола и анализа, контрола на кредит, управување со готовина, сметководство, проценка на финансиска инвестиција, финансиска структура, осигурување, оданочување, управување со ризик.

Човечки ресурси

Привлекување, регрутирање, мотивирање, наградување, развој и оптимизирање на потенцијалот на работната сила со ставање на акцент на креативноста, флексибилноста и различноста. Одделот за човечки ресурси ги поддржува сите активности на компанијата и преку своето знаење придонесува за развој и унапредување на вработените.

ИТ

ИТ е основен столб на растот на компанијата. Преку докажаните методи за управување со податоци и технологија, нашата компанија им помага на своите клиенти да го насочат своето внимание кон нивните главни деловни активности, со што ќе ги подобрат своите перформанси.

Односи со јавност

Одделението за односи со јавноста на компанијата се занимава со прашањата за внатрешна комуникација на персоналот и обезбедува поддршка за сите оддели и деловни активности во однос на стратешките работи. Тоа е одговорно и за управување и комуникација со сите релевантни целни публики, комуницира преку изјави и соопштенија. Ова одделение  управува со проекти за општествена одговорност како дел од од својата програма за придонес кон општеството.

Правни работи

Главните функции на одделението за правни работи се: правен совет, подготовка или заверка на договори за застапување на компаниите пред судовите и подготовка на судски или вонсудски предмети. Правниот тим исто така дава совети и ги координира активностите на надворешните адвокати или специјализираните правни фирми, за поддршка во конкретни случаи. Во овој оддел влегуваат делови на законодавството на компаниите, работните односи, заштита на животната средина, договори за услуги, закон за слободна конкуренција, индустриска и интелектуална сопственост, сите видови закон за договори, аквизиции на деловни активности, прашања за оданочување, законодавство за градско планирање - експропријации, недвижнини трансфери, заштита на лични податоци, е-трговија.

Обука и развој

Во Корал Северна Македонија имаме за цел да добиете современо знаење за вашиот професионален и личен развој.

Тоа го остваруваме преку постојани обуки. Обуките се одржуваат од страна на надворешни експерти или специјализирани служби за обука на Корал.

Секоја обука е избор на вработениот со консултација со вашиот тим лидер, а во целиот процес ќе добиете целосна поддршка на менаџерите за обука и развој на нашата компанија за да ви помогнат во донесувањето правилни одлуки во врска со вашата обука.

Оттаму на самиот почеток Вие ќе бидете одговорни да ги преземете првите чекори на Корал Северна Македонија. Во некои сектори дизајниравме најнапредни алатки за сопствен развој на нашите луѓе и спроведуваме програма во функција на личен и професионален развој на кариерата, за да им помогнеме да ги остварат своите задачи и да придонесат за успехот на компанијата.

Што се однесува до напредокот во компанијата и профаќање на нови обврски тие зависат од вашата специфична техничка или професионална област на активност и од патот во кариерата по којшто сакате да одите.

Ќе имате придобивки од тоа како ве води вашиот тим лидер во процес што ќе ви овозможи да аплицирате за работни места во сите области на компанијата.

Корал Северна Македонија усвојува пристап заснован врз основа на заслуги и новите задачи и / или промоции зависат од вашите перформанси и компетентноста. Преку процедурите за евалуација може да го оцените напредокот во постигнување на поставените цели, да ги идентификувате областите за подобрување и новите предизвици што треба да ги решите.

Процес на вработување

Цели и стандарди за квалитет што ги применуваме во процесот на аплицирање.

Високиот квалитет на кандидатите во Корал Северна Македонија е основа на  нашата стратегија за вработувањето. Ова е причината, зошто Корал Северна Македонија придава големо значење на квалитетот на процесот на вработување, кој е дизајниран да ги постигне следниве цели:

  • да ви понуди најдобра можност да покажете како вашето знаење и вештини можат да придонесат во компанијата
  • да го олесни донесувањето одлуки како за вас, така и за Корал Северна Македонија
  • да гарантира дека процесите на селекција се доследни и фер
  • да ви обезбеди целосно прифатливи процеси на селекција
  • да ви даде точна слика за Корал Северна Македонија
  • да ви помогне да ги разберете придобивките од професионалната кариера во Корал Северна Македонија

 

За да потврдиме дека процесите на селекција се валидни, доследни и засновани на заслуги, ги применуваме следниве стандарди за квалитет:

  • Нашите критериуми за избор се засноваат на информации поврзани со работата
  • Нашите вежби симулираат задачи и предизвици кои произлегуваат од анализи на параметрите за работа и профили
  • Однапред ги известуваме кандидатите за нашите критериуми за избор и за процесот на селекција
  • Оценувачите одговорни за избор на кандидат, спроведување интервјуа и евалуација се обучени професионалци

Вршиме истражување за валидација во редовни интервали за да потврдиме дека нашиот процес на селекција ни овозможува да ги процениме, со висок степен на точност, идните перформанси на работата и потенцијалите на кандидатите.

Кариерата во Корал Северна Македонија не е само работа; тоа е можност за професионален и личен развој преку работа.

Поднеси CV

Доколку сакате да поднесете CV - биографија, кликнете на следниот линк:

Поднеси CV

 

Ви благодариме што стапивте во контакт со Корал Северна Македонија!

}