Services

Горива на Shell

Диференцираните горива на Shell се резултат на широко истражување и тестирање, како во трките F1, така и во вообичаени секојдневни услови за возење. Возачите бараат напредни горива кои ќе им помогнат да ги зголемат перформансите на нивниот автомобил, да постигнат оптимално согорување, а со тоа економичност на горивото и намалување на емисиите. ВоСо текот на годините, Shell вршешеизврши испитувања на патиштата што се еднакви обиколување на светот илјадници пати. Затоа, секогаш може да бидете сигурни дека, од рафинеријата до автопатот, нашите горива се со врвен квалитет. Ова е печатот на одобрување од Shell. Значи, следниот пат кога ќе полните гориво, погрижете се тоа да биде на малопродажна бензинската станица од брендот Shell!

Технологија Shell Dynaflex

Научниците од Shell ја развија новата технологија DYNAFLEX за дизел и бензински мотори за да ги создадат нашите најнапредни горива

Што значи технологија DYNAFLEX:

      • Технологијата DYNAFLEX е името на нашата најнова генерација напредни формули за бензин и дизел горивото.
  • Бидејќи бензинот и дизелот се разликуваат еден од друг, ние развивме уникатни формули DYNAFLEX за секој вид гориво.
    • Современите мотори стануваат поефикасни. Како резултат, горивата се изложени на потешки услови (како што се повисоки температури, оптоварување на моторот и притисоци) а тоа ги намалува перформансите и ефикасноста.
  • Кога посочуваме на „DYNAFLEX Technology“, подразбираме комплексни мешавини, специјално изработени за одржување на ефикасноста на моторот преку моќ за чистење и намалување на триењето.

Поконкретно:

  • Технологијата DYNAFLEX е збогатена со моќни средства за чистење кои ги одржуваат чисти деловите од системот за гориво и ги штитат од наслаги што влијаат на перформансите.1

Технологијата DYNAFLEX содржи и нови молекули за намалување на триењето кои овозможуваат клипниот систем да работи слободно во срцето на бензинските мотори, намалувајќи го енергетскиот отпад во форма на топлина.

Како работи технологијата DYNAFLEX во моторите?

Нашиот предизвик - чистење наслаги и намалување на триењето

Во истражувањето и развојот на горивата, Shell се повика на повеќе од 100 години искуство, за да ја дизајнира технологија DYNAFLEX. Нашите најнапредни горива, кои користат ја технологијата DYNAFLEX, се резултат на широко тестирање - над 3 милиони km и повеќе од 250 автомобили, за да се справат со проблемите со намалени перформанси и ефикасност.7

Производителите на автомобили ширум светот имаат за цел подобрена ефикасност на моторот. Современите мотори стануваат помали, но ја задржуваат моќноста и често користат нови технологии, како што се директно вбризгување на горивото и турбо, за да се постигнат подобри перформанси и ефикасност. Главните предизвици на современите мотори се пожешко возење, поголемо оптоварување на моторот и поголеми притисоци.

Со тек на време во основните делови на системот за гориво може да се развијат наслаги, кај вбризгувачите на гориво во дизел моторите и вентилите за влез или вбризгувачите на гориво во бензинските мотори. Научниците од Shell ј развија технологијата DYNAFLEX за контрола на формирањето на наслаги во основните делови на системот за гориво што ги намалуваат перформансите.1

Покрај тоа, бензинските мотори се подложни на губење енергија поради зголемено триење. Триењето се одвива помеѓу клипот и ѕидот на цилиндарот и може да предизвика до 15% загуба на енергија на моторот. Технологијата DYNAFLEX содржи молекули за намалување на триењето коишто веднаш формираат стабилен филм што може да го намали триењето во поширок опсег на услови во споредба со нашата претходна генерација на технологија за намалување на триењето.

Shell V-Power Unleaded

Нашите понапредни горива со засилена технологија DYNAFLEX и повисок октански број за подобри перформанси на моторот 5

Научниците од Shell ги користат својата страст и експертиза за создавање на нашите најнапредни горива.3 Shell V-Power 98 е единственото гориво што го развиле научниците на Shell заедно со техничката поддршка од Ферари.

 

Моќ за чистење

Shell V-Power а со засилена технологија DYNAFLEX е наше најефикасно гориво за помош при враќање на чистотата на моторот со отстранување на веќе формираните наслаги. 3  

Технологијата DYNAFLEX е составена од моќни молекули за чистење коишто помагаат да се спречат и отстранат нечистотиите во моторот.1 Нашата напредна формула е развиена за да работи под екстремни услови на системот за довод на гориво и да отстрани до 80% од наслагите што ги намалуваат перформансите.6 Ова го одржува системот за довод на гориво чист, дозволувајќи му на моторот да работи подобро и да ги подобри перформансите на вашиот автомобил.1

Shell V-Power Unleaded

Намалување на триењето

Новиот бензин Shell V-Power, со засилена технологија DYNAFLEX, содржи 3x повеќе молекули за намалување на триењето и 3x повеќе молекули за чистење од вообичаеното гориво на Shell, кои ги подобруваат ефикасноста и перформансите.4 Овие нови молекули за намалување на триењето покажаа подобри перформанси во потешки услови на автопат, но и во град. 4

 

Помалку удирање на аголот на палење

Покрај тоа, бензинските мотори се подложни на ефектот на удирање предизвикан од задоцнетото прилагодување на аголот на палење или абнормално согорување кога работат со нискооктански горива. Нашето најново и најнапредно октанско гориво Shell V-Power, со засилена технологија DYNAFLEX може да помогне во подобрување на перформансите и ефикасноста на сите типови патишта и возење.3

Shell FuelSave Unleaded

Shell FuelSave Unleaded со технологијата DYNAFLEX има напредни молекули за чистење, развиени за да ги одржуваат чисти деловите од системот за гориво, како што се вентили за довод и вбризгувачи на гориво. 1 Одржувањето на чистотата на системот за гориво обезбедува ефикасност на моторот, додека почисти влез / вентили за гориво гарантираат оптимални перформанси на моторот.1

Нашиот нов Shell бензин со технологијата DYNAFLEX вклучува нови молекули за намалување на триењето, дизајнирани да работат веднаш со робустен филм за намалување на триењето преку основните делови на системот на клипот.2 Ова им овозможува полесно да се движат едни преку други, намалувајќи го енергетскиот отпад и одржувајќи ја ефикасноста на моторот. Нашиот нов Shell бензин со технологијата DYNAFLEX овозможува подобри перформанси во тешки услови, како на автопат така и во град.3

Shell FuelSave Diesel

Кај дизел моторите, валканите вбризгувачи може да придонесат за неефикасно согорување. Shell Diesel со технологијата DYNAFLEX содржи нови моќни и подобрени молекули за чистење, кои придонесуваат за почист вбризгувач. 1 Тестовите покажаа дека дизел моторите со употреба на Shell Diesel со технологијата DYNAFLEX доживуваат значително помала загуба на моќност заради формирање наслаги. Покрај тоа, системот за вбризгување гориво е почист, што помага да се обезбедат поголеми перформанси на моторот. 1

Масла на Shell

На бензинските станици на Shell може да ги најдете маслата за подмачкување Shell Helix и Shell Rimula, со напредна технологија, како за патнички возила со малопродажни мотори, така и со мали дизел мотори, но и за професионални возачи на возила со тешки дизел мотори.

 

Shell Helix за патнички возила

Shell Helix е погоден за мотори на бензин и дизел со мала зафатнина. Содржи уникатна патентирана технологија Shell PurePlus, во комбинација со активна технологија за прочистување. Оваа уникатна комбинација значи дека палетата на средства за подмачкување Shell Helix Ultra може да обезбеди дури и повисоки нивоа на прочистување и перформанси - коишто поевтините средствата за подмачкување не можат да ги постигнат.


Благодарение на оваа комбинација, при ригорозни индустриски тестирања на моторите, средствата за подмачкување Shell HelixUltra постигнаа 65% поголема чистота на клипот, надминувајќи ги за многу стандардите во индустријата.

 

Беспрекорната чистота / Заштита од абење и корозија / Продолжен животен век на моторот / Економичност на гориво / Подолги интервали за промена на маслото

Масла на Shell

Shell Rimula за професионални возачи

Опсегот на масла Shell Rimula, кои ги содржат новите технологии Dynamic Protection и Dynamic Protection Plus е дизајниран за дизел мотори со големо оптоварување.

Новата технологија Dynamic Protection Plus му дава извонредна заштита на моторот од абење, како на пат така и на терен и во сите временски услови, а покрај сето ова, идеално одговара за стартување на моторот при секоја температура. Штити од собирање киселина и наслаги, со што го штити моторот и го продолжува неговиот живот, а ги продолжува и интервалите за промена на маслото.

 Изберете средства за подмачкување Shell Rimula за да ги намалите трошоците за одржување и емисиите / да ги намалите абењето и наслагите

 

  1. Помага да се исчистат и заштитат клучните компоненти на системот за гориво, како што се вентилите за влез и / или вбризгувачите на гориво, од создавање наслаги што ги намалуваат перформансите. Фактичките ефекти и придобивките може да се разликуваат според видот и состојбата на возилото, како и стилот на возење. Без гаранции.
  2. Молекулите за намалување на триењето им помагаат на клучните компоненти на моторот. Фактичките ефекти и придобивките може да се разликуваат во зависност од видот и состојбата на возилото, како и од стилот на возење. Без гаранции.
  3. Споредено со претходната формулација на Shell, обично безоловно гориво 95 во демонстративнипробните тестови. Молекулите за намалување на триењето им помагаат на клучните компоненти на моторот. Без гаранции. Фактичките ефекти и придобивките може да се разликуваат во зависност од видот и состојбата на возилото, како и од стилот на возење.
  4. Зголемено во споредба со Shell безоловно гориво 95 во пробен тест за демонстрација. Помага при одржување на главните компоненти на системот за гориво, како што се вентилите за влез и / или вбризгувачите на гориво, чисти од наслаги на нечистотии што ги намалуваат перформансите. Молекулите за намалување на триењето им помагаат на клучните компоненти на моторот. 3x повеќе молекули не одговараат на 3x поголем ефект на чистење или намалување на триењето. Без гаранции. Фактичките ефекти и придобивките може да се разликуваат во зависност од видот и состојбата на возилото, како и од стилот на возење.
  5. Зголемено во споредба со Shell безоловно гориво. Помага при одржување на најважните компоненти на системот за гориво, како што се вбризгувачите на гориво, чисти од наслаги на нечистотии што ги намалуваат перформансите. Молекулите за намалување на триењето им помагаат на клучните компоненти на моторот. Без гаранции. Фактичките ефекти и придобивките може да се разликуваат во зависност од видот и состојбата на возилото, како и од стилот на возење.
  6. Помага при отстранување на наслагите што ги намалуваат перформансите на клучните компоненти на системот за гориво, како што се вентилите за влез и / или вбризгувачите на гориво. Фактичките ефекти и придобивките може да се разликуваат според видот и староста на возилото, како и стилот на возење. Без гаранции.
  7. Тестови кои спроведуваат од 2009 па досеганавака, на европски и азиски возила од широк спектар на најголемите производители. Во Северна Македонија не се достапни сите видови овие на возила.
}